Мобилната апликација MyIute, која беше лансирана на почетокот на април, денес забележа 10.000 преземања на Google Play и App Store што е уште една потврда за бенефитите и поволностите кои ги нуди нашата апликација.

Со MyIute, на корисниците им овозможивме подобро корисничко искуство и увид во состојбата на нивниот кредит 24/7. Покрај тоа, секој што ја користи MyIute има можност брзо и лесно да аплицира за кредит, да ги прикачи сите потребни документи онлајн и во истиот момент да ги добие парите на своја сметка.

Целата постапка се прави онлајн и од каде било – без никакви процедури и потреба од физичко присуство, туку директно преку мобилен телефон.

Дополнително, MyIute овозможува следење на статусот на кредитот 24/7, плаќање на ратите онлајн и добивање на персонализирани понуди од ИутеКредит и компаниите во партнерската мрежа.

Корисниците кои ќе аплицираат за кредит преку мобилната апликација MyIute добиваат и -10% попуст на сите провизии за одобрување на кредитот.

Најдоброто за крај

Од 15 јуни до 15 август секој што ќе аплицира за кредит и истиот ќе му биде одобрен преку MyIute станува потенцијален добитник на вредни награди:

  • Mi Електричен тротинет Essential (x2)
  • Мобилен телефон Redmi 9T (x2)
  • Mi Часовник (x2)
  • Mi Часовник – Lite (x2)
  • Xiaomi Mi Паметен Звучник

Преземи ја MyIute на овој линк.