Спасуваме 15 дрвја месечно со дигиталното решение MyIute
13/07/2021

Во моментов сме дигитализирани повеќе од кога било.
MyIute ја користат повеќе од 10.000 корисници и со оглед на фактот што нашата мобилна апликација овозможува договорот за кредит да го потпишете дигитално (без потреба од хартиени документи), ние спасуваме околу 15 големи дрвја секој месец.
Тоа е навистина значајно бидејќи за година или две би можеле да спасиме цел парк.
Пресметките ги направивме врз основа на апликациите добиени во јуни и договорите за кредит кои беа потпишани онлајн во сите пет земји каде што е присутна IuteCredit групацијата.
Вкупната количина на хартија што не ја потрошивме во јуни беше 125.000 страници.
Да ги користиме дигиталните решенија и да ја одржиме нашата планета почиста и позелена.