ИутеКредит Македонија ги мотивира своите вработени да се вакцинираат
16/09/2021

Иуте Кредит Македонија како општествено одговорна компанија будно ги следи состојбите со пандемијата Covid 19 и цели кон заштита на здравјето и благосостојбата на вработените и клиентите.
Компанијата силно го поддржува процесот на имунизација и здравствена заштита на своите вработени и токму затоа започна со акција во која вработените кои за прв пат ќе се вакцинираат до крајот на месецот, ќе добијат 5000 ден. како бонус на месечниот доход.
ИутеКредит Македонија апелира до своите вработени, но и до пошироката јавност да се поддржи процесот на вакцинација и што повеќе граѓани да се вклучат во него, бидејќи тоа е единствениот начин до победа на пандемијата и враќање кон нормалното живеење.