ИутеКредит ќе ги исклучи светлечките реклами како дел од иницијативата за заштеда на електрична енергија
11/11/2021

ИутеКредит Македонија се приклучува кон општествено одговорната иницијатива за гасење на светлечките реклами на своите експозитури како придонес кон заштеда на електрична енергија.
Рекламите на објектите на ИутеКредит Македонија нема да светат во наредните 30 денови, чекор кон заштеда на што е можно повеќе електрична енергија, по кризната состојба во енергетскиот сектор прогласена на 09.11.2021 год.
ИутеКредит Македонија е компанија која се залага за свесност и рационално користење на ресурсите и сака да испрати порака за одговорно однесување во времиња кога колективното добро е во значајна кореклација со индивидуалните постапки.