Како до подобра кредитна историја?
16/11/2021

Кредитната историја може да биде одлучувачки фактор за тоа дали на кредитобарателот ќе му биде одобрен кредит или не. Добрата кредитна историја им дава јасна слика на финансиските друштва за вашата способност за навремено исплаќање на доспеаните финансиски обврски, а од тоа може да зависи и износот на одобрениот кредит.
И додека не постои тајна формула за градење на добра кредитна историја, постојат неколку совети кои може да ви помогнат.
Навремено плаќајте ги вашите обврски
Прв и основен начин за одржување на добра кредитна историја е навременото плаќање на вашите тековни финансиски обврски. Начинот на кој ги плаќате вашите финансиски обврски е одраз на вашата финансиска дисциплина што понатаму одредува дали финансиската институција ќе ве оцени како „добар клиент“ на кој може да му исплати кредит.
Не го пречекорувајте вашиот кредитен лимит
Начинот на кој ги користите вашите кредитни картички има директно влијание врз вашата кредитна историја. Моделите за бодување на кредитоспособност анализираат колку сте блиску до вашиот кредитен лимит па затоа, доколку имате кредитна картичка, препорачливо е да не надминувате повеќе од 30 проценти од вкупниот кредитен лимит. Исто така, редовното подмирување на долговите по основ на кредитни картички имаат позитивен резултат врз вашиот кредитен рејтинг.
Градете долга кредитна историја
Кредитната историја на клиентите се заснова на нивното искуство со текот на времето. Колку е поголем периодот кога навремено ги исплаќате вашите заеми, толку се поголеми и шансите да го добиете посакуваниот износ кога аплицирате за кредит. Затоа, важно е да градите добра кредитна историја на долг рок.
Аплицирајте за кредит само кога ви е потребен
Финансиските институции ја анализираат и вашата неодамнешна кредитна активност како сингал за вашите потреби за кредитирање. Доколку аплицирате за голем број на кредити во краток временски период, може да испратите порака до кредиторите дека вашата финансиска состојба се влошува. Затоа важно е да аплицирате за кредит само тогаш кога истиот ви е навистина потребен.
Секогаш кога ви е потребен кредит на располагање ви се нашите советници за клиенти кои ќе ве насочат за заеднички да го изберете најдобриот кредитен производ за вашите потреби. Аплицирајте на 13 333, на www.iutecredit.mk или преку мобилната апликација MyIute.