ИутеКредит Македонија ја претстави IutePay на првите E-Commerce Awards
15/03/2022

Секогаш поддржувајќи ги иницијативите за развој на е-трговијата во Македонија, ИутеКредит беше златен спонзор на првите награди за најдобрите е-трговци во 2021 година, организирани од страна на Асоцијацијата за Е-трговија на Македонија.
За време на доделувањето на наградите, ИутеКредит ја промовираше новата услуга IutePay, која е направена да им помогне на трговците во зголемување на продажбата во своите е-продавници, но и физички продавници. IutePay решението овозможува купувачите да ги купат производите/услугите кои им се потребни, а да ги плаќаат на 4 или 6 рати. Целиот овој процес е многу лесен за интеграција и е безбеден и за трговците и за купувачите.
Јасмина Апостолоска од ИутеКредит Македонија ја додели наградата за најдобра е-продавница во 2021 година.
