Со MyIute спасуваме до 100 дрвја годишно
15/04/2022

Речиси по една година од лансирањето нa МyIute, оваа мобилна апликација е се уште една од најдобро рангираните апликации за финансии во Македонија со повеќе од 45 000 преземања.
Во текот на изминатата година со користењето на апликацијата за дигитално поднесување и потпишување на договори за кредити, заштедени се 525 000 илјади страници, а со ова, од уништување спасени се 100 дрвја.
Мобилната апликација MyIute нуди можност клиентите да аплицираат за кредит каде и да се, 24 часа во денот, да го потпишат договорот за кредит дигитално, а потоа и да го следат статусот на својот кредит редовно преку својот кориснички профил. MyIute корисниците редовно добиваат специјални понуди и поволности креирани според нивните потреби и можноста да бидат кредитирани.
Апликацијата е достапна на Google Play и App Store.