Иуте Кредит и понатаму продолжува да ја креира убавата приказна со СОС Детско Село. И овој пат предизвикавме многу детски насмевки на Велигденската дружба која се одржа во четвртокот на 21.04.2022 година во просториите на Ресурсниот Центар за родители и деца – Гази Баба.

На работилницата земаа учество дел од вработените на Иуте Кредит кои со голема чест и задоволство се дружеа со децата. Во продолжение може да се погледне дел од атмосферата на украсување и боење на Велигденски јајца заедно со децата од центарот на СОС Детско село.