ИутеКредит и СОС Детско Село – работилница на отворено
15/06/2022

ИутеКредит и децата од СОС Детско Село на вчерашната средба креираа нова приказна – работилница за припрема на овошни салати, сокови и смути.
И овој пат предизвикавме многу детски насмевки. Низ игра и смеа подготвивме здрави специјалитети, а на крајот на дружбата се заблаживме и со чоколадо од чоколадната фонтана.
Дел од вработените на ИутеКредит со голема чест и задоволство учествуваа на работилницата заедно со децата од центарот на СОС Детско село. Тоа беше прекрасна дружба!



