Тимот на ИутеКредит Македонија и оваа година трчаше на скопскиот маратон
04/10/2022

Тимот на ИутеКредит Македонија и оваа година се приклучи на скопскиот маратон со 24 учесници на трката на 5 километри. На маратонот учество земаа над 8.500 натпреварувачи од 47 држави. Овој настан е одлична можност за подигнување на тимскиот дух и за повеќе дружење. На маратонот нашиот колега – Филип Котевски, асистент во секторот за финансии, се најде меѓу 20-те најдобри натпреварувачи на маратонот. Ова е уште еден доказ дека ИутеКредит Македонија е најбрзиот давател на финансиски услуги во земјава.

