ИНТЕРВЈУ ДAВЧЕВ: Eлектронската идентификација на ИутеКредит со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите
27/02/2023

ИутеКредит Македонија е водечко финансиско друштво на пазарот со стратешка определба за инвестирање и воведување на најнови технолошки решенија, со кои се овозможува брз и едноставен пристап до финансиски средства. Над 60% од бројот на месечни апликации за кредит се преку дигиталните канали, додека пак дигиталното потпишување е застапено со над 90% од вкупниот број на потпишани договори. Во исто време, ИутеКредит има и широка партнерска мрежа со повеќе од 350 трговски партнери, каде може да се користат услугите за плаќање на рати на компанијата.
ИутеКредит, исто така е единствено друштво кое користи Апликација односно овозможува користење на мобилните телефони преку интерфејси (Apps) за пристап до финасиските услуги, со што достапноста до услугите значително се забрзува. Сето ова не наведе да поставиме неколку прашања до Татјана Давчев, директор за усогласеност и правни работи и офицер за заштита на личните податоци на ИутеКредит.
Иуте Кредит има целосно дигитализиран процес на апликација, одобрување и потпишување на кредит. Oд 17 февруари финансиското друштво воведе електронска идентификација за своите клиенти. Може ли да објасните попрецизно што тоа значи за побарувачите на кредити?
Дaвчев: Со воведената електронска идентификација, клиентот го докажува својот идентитет при воспоставување на деловен однос со Иуте Кредит. Воведената електронска идентификација е во соработка со компанијата GetID од Естонија, која е докажан партнер на бројни институции во процесот на електронската идентификација.
За да можат клиентите да ги уживаат придобивките од овој начин на идентификација мора да имаат: телефон, односно мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација, телефонски број, издаден од оператор со дозвола за работа исклучиво во Македонија, валиден документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош и сопствена емаил адреса.

Што значи воведената електронска идентификација на клиентот? Какви поволности добива во овој случај самиот потрошувач?
Дaвчев: Функционираме во време кога сите се познаваме едни со други, но со голема веројатност, никогаш не сме се виделе лице во лице. Оттука, од најголема важност за нас во Иуте Кредит Македонија е да бидеме сигурни, односно да го потврдиме идентитетот на клиентот што воспоставува или продолжува деловен однос со нас.
Електронската идентификација ја зголемува безбедноста на клиентите и во најголема мера спречува можна злоупотреба на податоците на клиентите.
Друга поволност е едноставноста на самиот процес. Со цел да обезбедиме наједонставен процес на електрноска идентификација за клиентите, а во исто време високо ниво на сигурност и безбедност, целиот процес е интегриран во мобилната апликација MyIute, односно клиентите немаат потреба да инсталираат дополнителни апликации на мобилниот телефон.
Во последно време често во полициските билтени има информации за злоупотребени лични податоци од измамници кои во име на други физички лица аплицираат закредит. Каква е ситуацијата со ИутеКредит? Има ли такви случаи што се забележани?
Дaвчев: Во секојдневното работење сме изложени на ризици, вклучително и на ризик од измама. Ние во Иуте Кредит имаме воспоставено систем за управување со ризици и внимателно го следиме овој тренд и секојдневно преземаме активности и воведуваме алатки за оневозможување на измамите. Токму таква алатка е електронската идентификација. Електронската идентификација со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите, но сакам да укажам дека заштитата на личните податоци е круг во кој сме вклучени сите. Ние секогаш ги едуцираме нашите клиенти за мерки кои лично треба да ги преземаат за заштита на нивните податоци, како на пример, да не споделуваат лични податоци на социјални мрежи, посебно не на лица кои воопшто не ги познаваат или на компании за кои не знаат дали физички постојат. Електронската идентификација која ја воведовме е дел од кругот во кој заштитата на лични податоци е обврска на секој од нас поединечно и императив за сите нас заедно.