Во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија на 31.03.2023 во просториите на ИутеКредит Македонија  беше организирана добротворна крводарителска акција. Голем број од вработените на ИутеКредит како и претходната година, така и оваа ја изразија својата солидарност и хуманост и земаа активно учество за дарување на крв. Кон акцијата се приклучи и бренд амбасадорот Игор Иџе Стефановски.

Дарувањето крв, некому значи живот. Со само една дарувана кеса крв од 450 мл може да се спасат до 3 човечки животи.

ИутеКредит Македонија и понатаму ќе продолжи со компаниската крводарителска акција, а со тоа ја потврдува својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност.