13 333 Работно време: 24/7 Viber
13 333 Работно време: 24/7 Viber
Почетна > COVID-19
COVID-19
ИутеКредит го промени начинот на работење за време на вонредната состојба поврзана со пандемијата на коронависурсот COVID-19.
Со цел да излеземе во пресрет на вашите потреби и прашања кои ги имате во врска со новонастанатата ситуација, ве охрабруваме да ги користите дигиталните канали за аплицирање и комуникација.
Одговорите на најчестите прашања поврзани со работењето на ИутеКредит во овој период ги сумиравме во оваа листа:
Да, работењето на ИутеКредит е адаптирано согласно новонастанатата ситуација со пандемијата на COVID-19, како и препорачаните мерки за заштита од истата. Согласно тоа, променето е работното време на експозитурите (понеделник до петок од 08:00 до 15:00 часот, додека сабота, недела и државни празници се неработни) со цел заштита на клиентите и вработените истовремено. Сите услуги остануваат достапни 24/7 преку дигиталните канали (веб сајт, социјални мрежи и е-меил) како и телефонски на бројот 13 333, како најбрз, најкомфорен и НАЈБЕЗБЕДЕН начин на услужување.
За сите други информации можете да се јавите на 13 333, да испратите е-меил на info@iutecredit.mk или да пишете на профилите на ИутеКредит на социјалните мрежи Facebook и Instagram.
Да, може да се аплицира за кредит и за време на пандемијата на COVID-19. Процедурата, времето на одобрување и потребната документација се исти како и регуларно. Потребен е само документ за лична идентификација (лична карта или пасош), а пожелно е да го знаете и бројот на вашата здравствена картичка, кој е наведен и во вашата здравствена легитимација.
Со цел намалување директен контакт со други луѓе како примарна мерка за заштита од коронавирусот, најбезбедно може да се аплицира за кредит онлајн на веб сајтот на ИутеКредит https://iutecredit.mk/. Аплицирањето се врши едноставно со избирање на потребниот износ на кредит и пополнување на основните лични податоци. По одобрување, потпишувањето на договорот се врши истот така онлајн, а парите се префрлаат директно на вашата трансакциска сметка во банка или на IuteCredit Mastercard картичка.
Не, во ИутеКредит не може да се врши уплата на рати. Уплатата се врши на некоја од сметките во следните банки:
Со цел избегнување на можните гужви во некои од предвидените банки за уплата, ве советуваме да ги користите услугите за електронско или мобилно банкарство на вашата банка.
Да, експозитурите на ИутеКредит работат од понеделник до петок од 08 до 15 часот.
Ви препорачуваме доколку немате неопходна потреба за посета на нашите експозитури истата да ја одложите и да побарате поддршка телефонски на бројот 13 333, е-меил info@iutecredit.mk или на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Нашите советници за клиенти се достапни 24/7 и ќе бидете услужени веднаш.
Она што не може да се направи на друг начин освен со директна посета на експозитурите на ИутеКредит е издавање на Mastercard картичка. При посета на експозитурите на ИутеКредит, ве замолуваме да ги почитувате препорачаните мерки за заштита, како носење заштитна маска и ракавици, користење на средство за дезинфекција, како и држење на физичко растојание од минимум еден метар.
Сите нови клиенти може да аплицираат за кеш кредит во износ од 3 000 до 10 000 денари, додека максималната сума за кеш кредит за веќе постоечки корисници e до 30 000 денари.
Покрај кеш кредит, ИутеКредит нуди и наменски кредит за купување производи и услуги на рати во износ од 3 000 до 30 000 денари, со поднесување апликација директно во продажните салони на своите трговски партнери. Целата листа на трговски партнери може да се погледне тука: https://iutecredit.mk/partners/
Да, уплата на рата онлајн може да се изврши доколку ги користите услугите за електронско или мобилно банкарство на вашата банка. При најава на вашиот профил за електронско или мобилно банкарство пополнете ја електронски уплатницата на следниот начин: https://iutecredit.mk/informacii-za-plakanje/
Имате 2 опции за плаќање:
Опција 1: Да продолжите да плаќате како и до сега без промени и продолжување на договорот, и по неколку месеци да земете нов кредит, дури и со повисока сума. Ова е поисплатлива опција според нас.
Опција 2: Да плаќате април, мај и јуни минимум 30% од вашата рата, останатиот дел 70% од ратите се пресметува во останатите рати, со што ратите ќе ви бидат многу повисоки од сегашните и ви се продолжува договорот за 3 месеци, со самото тоа тоа ако сакате нов кредит со повисока сума по неколку месеци нема да имате таква можност. Сметаме дека ова е понеисплатлива опција на подолг рок.
Опција за одложување, односно неплаќање на рати нема.
Поради вонредната состојба со пандемијата НЕМА отпишување на долгови. ИутеКредит на 09.04.2020 објави понуда за промена на условите која може да ја видите на нашата веб страна на следниот ЛИНК.
Доколку не најдовте одговор на вашите прашања:
Комплетната понуда е достапна на https://iutecredit.mk/ponuda-za-odlozuvanje-otplata-na-kredit/
Накратко, со понудата нудиме продолжување на договорот на 3 месеци за сите постоечки клиенти со договор/и за кредит кои се во важност и склучен/и заклучно со 31.03.2020, односно до 31.03.2020 договорите за кредит не се раскинати или истечени.
Клиентот плаќа само 30% од ратата во април, мај и јуни, остатокот, односно 70% од овие рати се додава на идните рати, со што идните рати може ќе бидат повисоки од сегашните и договорот се продолжува за дополнителни 3 месеци.
Клиентите кои ќе ја прифатат понудата НЕМА да бидат во можност да земат нови кеш или дилерски кредити, и да рефинансираат кредити со повисоки суми се до целосна исплата на кредитот кој е продолжен за 3 дополнителни месеци.
Договорите кои се склучени по 31.03.2020 немаат право на оваа понуда – сите рати редовно се плаќаат.
Клиент ја прифатил понудата ако НЕ прати емаил до 19.04.2020 дека ја откажува понудата. Со тоа клиентот плаќа само 30% од ратата во април, мај и јуни, остатокот од овие рати се додава на идните рати, со што идните рати може ќе бидат повисоки од сегашните и договорот се продолжува за дополнителни 3 месеци. Клиентите кои ќе ја прифатат понудата нема да бидат во можност да земат нови кеш или дилерски кредити, и да рефинансираат кредити со повисоки суми се до целосна исплата на кредитот кој е продолжен за 3 дополнителни месеци.
Договорот за кредит продолжува да важи независно од понудата. Со тоа и можноста да го раскинеме договорот доколку не се платат најмалку 30% за април, мај и јуни. Доколку се раскине договорот, доспева веднаш целиот износ независно од понудата.
Клиент ја одбил понудата ако ни прати емаил до 19.04.2020 дека ја откажува понудата, во кој ќе ги внесе следните податоци: Име и презиме, Датум на раѓање, Број на лична карта и Број на кредитот на кој се однесува одбивањето на понудата.
Клиентот продолжува да плаќа рати како и до сега без промени, што е одлична одлука, бидејќи наскоро ќе може да земе нов(и) кредит(и) со повисок(и) износ(и), или да го рефинансира постоечкиот кредит со повисок износ.
Клиентот мора писмено да ја одбие понудата. Ако клиенот нема е-маил може да се јави на телефонскиот број 13 333 за повеќе информации или да ја пополни формата за откажување од понудата на следниот ЛИНК.
Клиентите не добиваат нов амортизациски план и пресметка и не добиваат нов договор со нови услови. До крај на јуни секако постои обврска за плаќање минимум 30% од ратата, во мај или јуни може да не контактираат за сумата на ратите на кредитот по 30 јуни.
Да рамномерно, со тоа што ратите се секогаш многу повисоки од постоечките. Затоа препорачуваме дека е поисплатливо да се продолжи со сегашниот тек на редовна отплата со што и можноста за друг кредит и можеби и повисок износ е во многу пократок период.
Да и Комфорт кој е на еден или два месеци може да се продолжи договорот и да се плаќаат рати по 30% од износот во април, мај и јуни, бидејќи се продолжува договорот уште 3 месеци и остатокот од 70% од ратите се плаќа по јуни. Наша препорака е дека ова не е исплатливо, заради продолжувањето на договорот, со што подолг период нема да има можност за кредит, а износот на Комфорт е најнизок.
Да може да се одложи, и да се плаќаат рати по 30% од износот во април, мај и јуни, се продолжува договорот уште 3 месеци и остатокот од овие рати се плаќа по јуни. Наша препорака е дека ова не е исплатливо, заради продолжувањето на договорот, со што подолг период нема да има можност за нов кредит или рефинансирање со поголема сума, а отплатата на овој кредит е пред самиот крај.
Детални пресметки за износи неможеме да ви дадеме. Сега можете да ја видите понудата и да одлучите до 19.04.2020 дали ја прифаќате понудата или не ја прифаќате што значи останувате да ги отплаќате ратите како до сега. Наш совет ви е да си продолжите со редовна исплата и после некој месец (за летниот период) да земете и поголема сума ако имате потреба, што во случај на продолжување на договорот нема да ви биде достапно.