Најбрзиот и најкомфорниот пристап до финансиски средства уште подостапен за граѓаните

24.04.2019, Скопје. ИутеКредит ја отвори својата нова експозитура во центарот на Скопје на булевар Партизански Одреди 14А-4, која се наоѓа спроти Соборниот Храм. Во нов и модерен изглед со капацитет да опслужи поголем број клиенти, новата експозитура само го надополнува имиџот и мисијата на компанијата да биде најбрзиот и најкомфорен провајдер на брзи кредити за физички лица во земјата.

“Брзината на услугата, комфорот при аплицирање како и транспарентноста на нашето работење е она што го прави ИутеКредит првиот избор за брза финансиска услуга кај нашите клиенти. Затоа постојано се трудиме да бидеме што подостапни и повидливи за клиентите, да креираме исклучително корисничко искуство кога се во прашање финансиките услуги на пазарот. Од таму и иницијативата за нова локација во центарот на Скопје која ќе биде лесно достапна за сите граѓани” – изјавуваат од ИутеКредит.

Во новата експозитура на ИутеКредит клиентите ќе можат да аплицираат за добро познатата понуда на брзи потрошувачки и наменски кредити.

Како и до сега, продолжува да важи понудата за сите нови клиенти со 0% трошоци за кредит до 20 000 денари и период на отплата до 30 дена, односно до 30 000 денари на 10 месеци. Постоечките клиенти согласно новите поволни услови кои ги објавија од компанијата ќе можат да аплицираат и до 150 000 денари со период на отплата до 21 месец.

Воедно, еден од новитетите на ИутеКредит на македонскиот паза е и инстант автомобилскиот кредит до 1 000 000 денари за поволни автомобили за кој не е потребно учество, ниту пак каско осигурување или лизинг.

Покрај аплицирање за кеш кредити во експозитурата, клиентите можат да купуваат производи и услуги на 24 рати до 120 000 денари кај трговските партнери на ИутеКредит и тоа само со лична карта.

Листата на продажни места каде што може да се купува со наменски кредит на рати може да се погледне на следниот линк: http://iutecredit.mk/partners/

За аплицирање за кредит е потребна минимум документација односно само документ за лична идентификација, а одговор на апликацијата се добива за само неколку минути.

Покрај Скопје, физички локации на ИутеКредит има и во Тетово и Куманово, а во најава е отворање на експозитури уште во три поголеми градови во Македонија, со задоволување на секојдневните финансиски потреби на граѓаните.

Сите услуги на клиентите им се достапни онлајн на www.iutecredit.mk, а за повеќе информации можат да се јават на 02 3149 999.