• Каде може да ја променам мојата картичка?

Картичката може да се промени само лично во една од нашите експозитури во Скопје на бул. Партизански Одреди бр.14А-4, во Тетово ул. Маршал Тито 58, во Куманово ул. Маршал Тито бр.1, во Битола ул. Никола Тесла, бр. 51, во Струмица ул. Благој Јанков Мучето, бр. 1 или во Штип ул. Ванчо Прке бр.1, локал 11

  • Што треба да направам во случај да се сомневам дека мојата картичка е злоупотребена?

Контактирајте нè телефонски на 13 333, e-mail  info@iutecredit.mk или во една од нашите експозитури. Ние ќе ги провериме сите трансaкции и ќе ве информираме, доколку е потребно картичката може привремено да биде блокирана.

  • Што треба да направам во случај мојата картичка да е изгубена или украдена?

Информирајте нè веднаш за да ја блокираме трајно картичката и да ви издадеме нова. Балансот од претходната картичка ќе биде префрлен на новата. За издавање на новата картичка потребно е повторно да платите 990 денари.

  • Што треба да направам доколку мојата картичка е задржана во банкомат?

Јавете се во нашиот контакт центар на 13 333, ние ќе ја контактираме банката сопственик на банкоматот и ќе поднесеме барање за враќање на картичката во Иуте Кредит. Потоа ќе ве контактираме да ве информираме за деталите.

  • Што е причината за одбивање на мојата картичка при обид за трансакција?

Причини за одбивање на картичката може да бидат: недоволно средства, блокирана картичка, несигурен сајт или блокиран/ недостапен ПОС терминал.

  • Што се случува доколку го заборавам пинот?

Издавање на нов ПИН во моментов не е достапно, мора да се издаде нова картичка со ПИН.

  • Дали можам да го напишам мојот ПИН на мојата картичка?

Не се препорачува, пинот е строго доверлив и не треба да се споделува јавно.

  • Дали можам да ја дадам мојата картичка на друг?

Не се препорачува, но тоа е одговорност на имателот на картичката. ИутеКредит не одговара за злопутреба на картичката и средствата не се рефундираат.

  • Дали добивам детален извештај за моите трансакции?

Да, секој месец испраќаме извештај на e-mail на корисникот на картичката.