Начин на аплицирање

  • Се аплицира за кеш кредит – не може да се аплицира само за картичка.
  • Може да аплицираат сите нови како и сите постоечки клиенти од 18 до 75 години – исклучиво со нов кеш кредит.
  • Средствата на одобрениот кеш кредит може да се исплатат на банкарска сметка како до сега или на картичка.
  • Договорот за новиот кредит кој ќе се исплаќа на картичка, барањето и договорот за картичката може да се потпишат во експозитура или при достава на картичката.
  • Картичката може да се достави до домот на клиентот или пак да се подигне лично од ескпозитура.
  • Се добива ВЕДНАШ – нема чекање за изработка.
  • Картичката е посебен производ и е поврзана со ЕМБГ на клиентот не со кредит.
  • Картичката има 16 цифрен број 5327 ХХХХ ХХХХ ХХХХ, кој е поврзан со ЕМБГ на клиентот и се знае секогаш која картичка на кој клиент е сопственост.
  • Члeнарина за 2 години е 2500 мкд и истата е дел од месечните рати на првиот кредит кој е исплатен на картичка.
  • Нема други редовни месечни трошоци за картичката.
  • Без оглед колку и да потроши клиентот во текот на месецот, останува да си плаќа само месечната рата која ја има за кредитот секогаш на ист датум.
  • Клиентот не може да стави дополнителни сопствени средства на картичката.
  • Може да се земе Комфорт или друг кредит според процедура и истите средства да се исплатат на картичка.
  • За сите клиенти кои ќе имаат картичка кредитите ќе се исплаќаат 24/7.
  • Доколку клиентот сака месечен извод за картичката ќе треба да плати согласно тарифникот.
  • Доколку клиентот доцни со плаќање на ратите, не се повлекуваат било какви средства од картичката.
  • За рекламации во врска со трансакциите клиентот треба да не контактира и се постапува согласно Договорот за картички во дел  ХI. РЕКЛАМАЦИИ
  • Картичката може да биде времено или трајно блокирана само од страна на корисникот.
  • Времено може да биде блокирана најмногу 30 дена по што се откажува трајно од наша страна и се блокира трајно.
  • За одблокирање треба да се плати сума согласно Тарифникот.
  • Во секоја експозитура и на веб страната на ИутеКредит е достапен Тарифник за картичките согласно кој ќе се наплаќаат провизиите.
  • Доколку нема баланс на картичката се појавува порака дека бараната услуга не е достапна.

Тарифник на услуги

НАДОМЕСТОЦИИзнос
– Издавање, обновување и управување со картичка –
1. Издавање на картичка2500 ден.
2. Обновување на картичка (оштетена/украдена/изгубена)2500 ден.
3. Достава на картичка по барање на клиентот0 ден. (промотивна понуда до 01.08.2020 год)
– Финансиски трансакции –
4. Провизија за подигнување на готовина на банкомат во земјата 2%, минумим 200 ден.
5. Провизија за подигнување на готовина на банкомат во странство2%, минимум 200 ден.
6. Провизија за користење на картичка на ПОС терминал во земјата0 ден.
7. Провизија за користење на картичка на ПОС терминал во странство
0 ден.
8. Провизија за подигнување на готовина од банкарски шалтер во земјата2%, минимум 200 ден.
9. Провизија за подигнување на готовина од банкарски шалтер во странство2%, минимум 200 ден.
– Други операции –
10. Надоместок за блокада на картичка0 ден.
11. Надоместок за деблокада на картичка300 ден.
12. Достава на извод за трансакции на барање на клиентот 300 ден.
13. Неосновано побарување (за трансакции на ПОС терминал или банкомат)1500 ден.
14. Копии од други поврзани документи со картичката/ договор500 ден.
15. Потврда за сопственост на картичката на Меморандум со печат300 ден. 

Општи правила, карактеристики и совети за клиенти

Картичката е непренослива и може да ја користи исклучиво лицето сопственик на картичка.

Важи 2 години и тоа до датумот кој стои на картичката. Мора да се внимава на датумот до кој е издадена и да се обнови на време. 

Картичката овоможува најлесно, најбрзо и најкомфорно купување во било кое време и на било кое место во светот каде што е истакнат знакот на MasterCard, без ограничувања:

  • Бесконтактно и контактно плаќање на било кои ПОС терминали во земјава и странство до 2000 ден., над 2000 ден. со ПИН.
  • Подигање на готовина од било кој банкомат на било која банка во земјава и светот.
  • Состојба на сметка е достапна само на одредени банкомати, а истата може да се добие и со јавување во Контакт центарот на 13 333.
  • За подигање готовина од банкомати и во трговската мрежа се користи ПИН кодот кој ќе го добиете при подигнување на картичката.

Плаќајте на ПОС терминали и нарачувајте онлајн – на интернет:

  • Во супермаркети, бензински станици, продавници, ресторани, кафулиња, фризерски и козметички салони, градинки, училишта, туристички агенции, итн.
  • Плаќање на сите режиски трошоци ЕВН, Водовод, Телеком, ВИП.
  • Плаќање на школарини и други трошоци во образовни институции.
  • Хотели во Македонија и странство.
  • Сајтови за групни попусти, карти за концерти, веб шопинг и плаќање сметки.
  • Нарачки и плаќање на интернет Ali Express, Amazon, Ali Baba, Booking, Wizz Air, Ebay, итн.

За плаќање во трговската мрежа во земјата и во странство не се наплаќа провизија.

Проверете ги износите на трансакциите во трговија на ПОС терминалите за да се осигурате дека е точен износот кој го плаќате бесконтактно или го одобрувате со внесување на ПИН кодот или ваш потпис доколку во одредени случаи го побараат тоа на продажното место.

Осигурајте се дека продавачот ви ја вратил картичката и ви е дадена копија од потврдата за трансакцијата.

Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.

Балансот на расположливите средства на картичката се ажурира веднаш.

Прегледот на сите трансакции се ажурира после 2-6 дена зависно од другите банкарски институции. Ние не можеме да влијаеме на побрзо добивање на тие информации.

Запомнете или запишете го бројот на Контакт центарот 13 333 или 02 3149 991 за да може да не побарате во секое време, 24 часа во денот, седум дена во неделата.

Задолжителна е идентификација на клиентот пред секој разговор во врска со трансакции со картичката. 

Јавете се на Контакт центарот 13 333 или 02 3149 991, доколку:

  • Дојде до ГУБЕЊЕ или КРАЖБА, вработениот во Контакт центарот веднаш ќе ја блокира картичката со што ќе се спречи евентуална злоупотреба и ќе ви даде понатамошни упатства како да извадите нова картичка.
  • Забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите.
  • Имате рекламации во врска со одредени трансакции на изводот пријавете ги истите во рок од 10 дена од датумот на изводот.
  • Ви е потребна помош или информација во врска со употребата на картичката.

Достава на бесплатни СМС пораки за секоја трансакција како услуга засега не е достапна.

Причини за одбивање на трансакции на банкомат, може да бидат: недоволно средства, блокирани картички и несигурни сајтови или блокиран/ расипан ПОС терминал.

Ако се внесе погрешен ПИН 3 пати по ред, се блокира картичката и нова картичка треба да биде издадена со нов ПИН. Истата се наплаќа согласно тарифникот.

Проверете го датумот на истекување на картичката за да ја обновите на време.

Доколку планирате да патувате осигурајте се дека вашата картичка ќе биде во важност за време на патувањето и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката. Доколку картичката истекува обратете се во најблиската експозитура за да се замени со нова.

При плаќање на Интернет или на било кој сајт ако се бара име, клиентот го внесува името и презимето според барањата иако истотo не е наведено на картичката. Важно е да е валиден бројот на картичката, перидот на важност на картичката и се разбира достапната сума на пари на истата.

Засега не може да се види состојбата на банкомат, но оваа функционалност ќе биде достапна за кратко време.

Безбедносни совети

  • Чувајте ја картичката како да е готовина и на место кое што е познато само за вас.
  • НИКОГАШ не ја сликајте картичката и не ја праќајте по СМС, е-маил, социјални мрежи или при Интернет комуникација.
  • Никогаш не го го давајте бројот на картичката преку телефон, СМС, е-маил или социјални мрежи.
  • ПИН кодот треба да го запомините или чувајте го на доверливо место, пример: во мобилен телефон.
  • Не го соопштувајте усно или писмено ПИН кодот на никој, вклучувајќи ги и најблиските, вработените во било кое продажно место или банките.
  • При користење на картичката секогаш самостојно внесувајте го пинот на банкомат или на било кое продажно место.  
  • При користење на банкомат почитувајте го личниот простор на лицето кое што го користи банкоматот пред вас.
  • Кога подигате готовина од банкомат осигурајте се дека никој не може да го види пин кодот и користете ги сте безбедносни мерки.
  • На банкомат проверете го износот на подигнатите пари и проверете го извештајот за да се осигурате дека успешно е комплетирана трансакцијата и не заборавајте да ја земете картичката.

Kорисни совети при купување на интернет

  • При вршење на нарачка преку Интернет најчесто се потребни следниве податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација CVV или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • ПИН кодот никогаш не е потребен за вршење на нарачка по интернет.
  • Во случај на рекламација се постапува согласно договорот дел за Рекламации.
  • Купувајте кај web трговци на кои што им верувате.
  • Осигурајте се дека е безбедна страницата со тоа што во пребарувачот ќе се појави зелено затворено катанче или сајтот ќе започнува со https:/
  • Не наседнувајте на понуди што се премногу добри за да се пропуштат, бидејќи можеби се работи за измама.
  • Внимавајте на адресата на испраќачот на електронската пошта затоа што чести се лажни меилови наменети за phishing, каде што се користи име на позната компанија во самата меил адреса.
  • Познат бренд не користи бесплатен е-маил сервис како google, yahoo, outlook, live и Пример. aliexpress@gmail.com
  • Ако се претплатувате за услуга која е онлајн, бидете сигурни дека претплатата се однесува само на оној период за кој што сте заинтересирани. Не се согласувајте на нешто, кое што не го разбирате во целост, бидејќи договор склучен на web страница е законски обврзувачки