ИутеКредит Македонија се појави на прво место во истражувањето спроведено помеѓу шест финансиски друштва направено во периодот 01.10.-11.11.2019 од порталот Фактор.мк. Предмет на истражувањето беше стапката на вкупни трошоци односно исплатливоста за подигање на брз кредит од најпопуларните финансиски друштва кај нас.

Согласно анализата од добиените договори за кредит и податоците кои се наведени во договорите, како амортизациони планови и општи услови од секое финансиско друштво, ИутеКредит е позициониран на врвот како најисплатлив кредитен провајдер на пазарот.

Извор: faktor.mk

Како што наведува Фактор.мк, сите финансиски друштва ја почитуваат законски утврдената стапката на вкупни трошоци од 51,25%, но практично, кога ќе се вклучат сите дополнителни трошоци кои им се наметнуваат на корисниците калкулацијата излегува далеку повисока.

Табелата од Фактор.мк детално ја отсликува моменталната ситуацијата каде процентуално е опишана Стапката на вкупни трошоци (СВТ), но и дополнителните трошоци кои клиентите по истекот на рокот за отплата на кредитот треба да ги вратат во целост.

Извор: faktor.mk

Имајќи ги овие податоци во предвид според критериумите за земениот кредит од 30 000 денари на 12 месеци, трошокот за враќање на истиот е најмал во ИутеКредит или речиси 5 пати помал од највисокиот.

Извор: faktor.mk

Податоците од оваа анализа ни дадоа слобода да направиме и наша интерна калкулација со која дополнително ќе покажеме колкава е заштедата доколку земете кредит од 30 000 денари на 12 месеци во ИутеКредит:

Калкулација направена согласно податоци од истражување на faktor.mk

Ваквата анализа која ја отсликува исплатливоста и поволноста за подигање кредит во ИутеКредит е резултат на повеќекратното намалување на СВТ% стапката во изминатата година, како и продложување на роковите за отплата на позајмените кредити. Во 2019 година ИутеКредит два пати ја намали СВТ (која вклучува каматна стапка, провизија и административни трошоци) за најбрзите кеш, наменски и автомобилски кредити во Македонија кои се достапни 24/7 за сите граѓани од 18 до 75 годишна возраст.

Новите клиенти можат да аплициратаат за износ до 30 000 денари со рок на отплата до 12 месеци, наместо досегашните 10 месеци. Постоечките корисници од друга страна,  до 70 000 денари и износот да го вратите со продолжен рок од 18 месеци, наместо 15 месеци. Дополнително за износи до 100 000 денари рокот на отплата е до 2 години, односно 24 месеци, иако претходно максималниот рок за отплата на кеш кредит беше 21 месец.

Заинтересираните клиенти имаат можност да аплицираат онлајн, телефонски или директно во експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови во државата кои работат и за викенд. Согласно стандардот на работење кој го налага партнерството на Иутекредит со Мастеркард, услугите и корисничката поддршка се достапни 24/7 од било каде што ги потврдува главните вредности на друштвото, брзината и комфорот, во насока на овозможување најдобро корисничко искуство.