Мобил Електроник е компанија од областа на телекомуникациите и обезбедува услуги од областа на мобилната телефонија, телефонски апарати, дополнителна опрема, сервис и продажба на резервни делови и галантерија за истите. Основните активности на Дбн Мобил Електроник од основањето до денес е да се оформува и приспособуваа според барањата и потребите на корисниците, а се со цел да се создаде еден заокружен систем кој континуирано ќе се надоградува.

Полето на делување на Дбн Мобил Електроник опфаќа: продажба на нови и користени мобилни телефони, продажба на резервни делови како и додатоци за мобилните телефони, обука, инсталација, сервисирање и поддршка на истите производи. Благодарение на услугите за одржување и сервис кои ги обезбедува техничката служба на Дбн Мобил Електроник опремата на корисникот се одржува во оптимални услови, се продолжува животниот век на производот и се заштитуваат податоците на корисникот, за да може непречено да се фокусира на неговата деловна активност.


Побарајте плаќање со ИутеКредит на 24 рати за износ до 120 000 денари директно во продажниот салон!

бул. Партизански одреди бр. 59/2 – Скопје

тел: +389 2 3073 200

https://www.mobilelektronik.com.mk/