13 333 Работно време: 24/7 Viber

                                       

ИутеКредит Македонија

Препорачај пријател (Бонус промоција)

Правила и услови

Оваа промоција овозможува селектирани, постоечки клиенти на ИутеКредит (во продолжение: Давател на кредит) да користат бонус за препорака (во продолжение “Бонус”) за нив и за нивните пријатели кои ќе склучат договор за прв пат со Давателот на кредит (во продолжение “Промоција”).

Промоцијата ќе биде активна од 4-ти октомври 2021 год. 14:00 ч. до 31-ви октомври 2021 година 23:59 ч.

Предуслови

1. Целна група која може да го користи Бонусот

1.1. Постоечки клиент кој поседува уникатен линк; и

1.2. Нов корисник кој користи линк за да аплицира за кредит и потпишал договор за кредит со Давателот на кредит.

2. Како може да се дојде до Бонус (секој критериум мора да биде исполнет)

2.1. Постоечкиот клиент добива уникатен линк од Давателот на кредит;

2.2. Постоечкиот корисник го препраќа уникатниот линк до своите пријатели кои се заинтересирани за производите/услугите на Давателот на кредит  за да аплицираат за кредит кај Давателот на кредит (мора да станува збор за нови клиенти за Давателот на кредит)

2.3. Новиот клиент аплицира за кредит преку уникатниот линк; и

2.4.Новиот клиент го потпишува договорот пред 31-ви октомври 2021 година 23:59 ч.

3. Користење и исплата на Бонусот

3.1. Постоечкиот клиент ќе добие 1000 ден. Бонус за препорачан пријател кои ќе се искористат единствено за намирување на неговите доспеани обрвски. Бонусот може да се користи како што следи:

3.1.1. Да се плати за дополнителни услуги; и/или

3.1.2. Да се платат месечните рати и трошоци по следниот редослед:

  • дополнителни услуги (ако има);
  • провизија;
  • камата;
  • камата за задоцнување (ако има);
  • главница.

3.2. Новиот клиент ќе добие до 1000 ден. Бонус како попуст на провизијата кои ќе бидат одбиени за време на потпишувањето на договорот за кредит.  

Останати одредби

Доколку Давателот на кредит смета дека Клиентот прави обид за измама или злоупотреба на материјалите од оваа Промоција, го задржува правото да ги преземе сите дејствија кои се соодветни, како и правото да го откаже Бонусот.

Давателот на кредит го задржува правото да ги промени, модификува или одложи правилата и условите на Промоцијата без дополнителни објаснувања.

Давателот на кредит го задржува правото да ја прекине Промоцијата во секое време без најава.

До степен дозволен со закон, на овие услови ќе се применуваат законите на Република Северна Македонија. Било кои спорови кои би можеле да произлезат од или во врска со овие услови ќе бидат решени од надлежните судови во Република Северна Македонија.

Доколку имате било какви прашања или поплаки во врска со оваа Промоција, слободно контактирајте со Давателот на кредит на: info@iutecredit.mk.