Почнувајќи од 20.12.2019 до 08.01.2020 сите постоечки корисници на ИутеКредит кои имаат моментално активен кредит може да се рефинансираат со 1% камата. Во промотивниот период корисниците кои се кредитоспособни, имаат можност да аплицираат за кредит до 100 000 денари со рок на отплата до 24 месеци.

Промотивната новогодишна каматна стапка oд 1%, може да ја искористат корисниците кои имаат активен Basic, Fidel или Fidel XL кредит во ИутеКредит.

Услови за рефинансирање

Доколку постоечкиот корисник има активен Basic кредит до 30 000 денари, со рок на отплата до 12 месеци, по платени 4 рати може да одбере една од двете опции за рефинансирање. Нов Basic кредит со 1% камата, за кој регуларната камата е 7% или Fidel кредит до 70 000 денари со рок на отплата 18 месеци и камата 1%, наместо 5%.

Корисниците кои моментално имаат активен Fidel кредит до 70 000 денари, со рок на отплата до 18 месеци, може да се рефинансираат со 1% камата со истиот или поголем износ. По отплатено 6 рати од постоечкиот кредит може да аплицираат за нов Fidel кредит со камата 1% (претходно 5%) или Fidel XL кредит до 100 000 денари со рок на отплата 24 месеци и камата наместо 4%, 1% во промотивниот период.

Со активен Fidel XL кредит до 100 000 денари со рок на отплата до 24 месеци, по отплатени 6 рати корисниците можат да го рефинансираат кредитот со нов Fidel XL со намалена камата од 4% на 1%.


Споредбена пресметка за износ на месечна рата со регуларна камата и камата од 1% за кредит за рефинансирање

Аплицирајте во промотивниот период и рефинансирајте го постоечкиот кредит со поповолни услови. За аплицирање и информативна пресметка за кредит според вашите потреби контактирајте нè на телефонскиот број 13 333 или посетете ги нашите експозитури.