IuteCredit Macedonia е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteCredit Group која што е избрана за една од најбрзорастечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш растеме многу брзо за овој краток период. Создаваме исклучително корисничко искуство преку нашите извонредни луѓе. Како една од најбрзите и најудобните финасиски компании со кредитни производи кои клиентите ги претпочитаат, бараме амбициозен карактер кој ќе му се придружи на нашиот тим за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава.
ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
Главни одговорности:
Комплетно водење на сметководствено работење и контрола на истото
Навремено и точно евидентирање и плаќање на даночни обврски за компанијата во согласност со законските прописи
Дневно усогласување и контрола на состојбите во главна книга и аналитичка евиденција
Учествува во припрема на периодични и финансиски извештаи за интерна и екстерна потреба
Учествува во пресметките на платите на вработените на компанијата и исплата на истите
Самостојна изработка и доставување на завршна сметка до соодветното регулаторно тело
Обработка, архивирање и водење на евиденција за документацијата.
Потребни квалификации:
Најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство
Работно искуство во банка, финансиска институција или друга сродна дејност ќе се смета за предност
Сертификат за овластен сметководител
Одлично познавање на финансиската и даночна регулатива во земјата како и интернационалните финансиски и сметководствени стандарди
Одлично познавање на Англискиот јазик
Напредни MS office компјутерски вештини
Вештини за подготвување извештаи
Искуство со Dynamics 356 ќе се смета за предност
Зошто да се вработите во Иуте Кредит Македонија?
Поседуваме пријатни и убави канцеларии
Работиме на интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
Нашата динамична работна култура значи дека мислењето на секој вработен е важно. Можете да придонесете и да дадете свој печат
Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
Едноставна организациска структура
Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
Редовни интересни активности, натпреварувања и бенифиции за вработените
Компанијата нуди:
Атрактивна плата
Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
Можност за стручни и едукативни обуки
Настани поврзани со поттикнување на тимски дух
Рок на аплицирање: 07.04.2023
Испратете ја Вашата биографија преку Брзата Апликација со назнака: Главен сметководител