Иуте Сафe АД Скопје, Друштво во формирање, има потреба од:
Осигурителен брокер (2 позиции)
Главни одговорности:
Одговорен за изнаоѓање нови клиенти, промоција и продажба на осигурителни производи
Постигнување на поставените развојни планови преку придобивање нови клиенти
Да развива и одржува добри деловни врски со нови и постоечки клиенти, проценува потреби, организира и присуствува на состаноци
Следење на пазарните трендови и континуирано надградување на знаењето за осигурителни производи и политики
Целосно разбирање на одредбите и условите на одделните осигурителни производи и јасно комуницирање на оваа информација кон клиентите
Поддршка на потенцијални клиенти при пополнување на формулари, комуникација со осигурителната компанија и изнаоѓање на најдобрите осигурителни планови, преговарање за склучување на договори
Управување со годишниот осигурителен циклус, вклучувајќи обновување на полисите, дополнувања и усогласувања во текот на осигурувањето, активно следење на потребите за осигурување на клиентите
Организирано водење на податоци за издадените полиси и подготовка на интерни и регулаторни извештаи
Вештини, способности, квалификации:
Универзитетска диплома од релевантна област
Положен стручен испит за осигурителен брокер
Докажано искуство како осигурителен брокер
Темелно познавање на осигурителниот пазар
Одлични комуникациски, преговарачки и презентациски способности
Прецизност и посветеност
Личен интегритет, како и способност за носење одлуки во согласност со секојдневните обврски
Способност за работа во тим
Што нудиме:
Атрактивна плата и бонуси
Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
Можност за стручни и едукативни обуки
Настани поврзани со поттикнување на тимски дух
Зошто да работите во Иуте Сафе АД Скопје:
Поседуваме пријатни и убави канцеларии
Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
Можете да придонесете и да дадете свој печат
Едноставна организациска структура
Редовни интересни активности, бенефиции
Заинтересирани?
Доколку сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија на jobs@iutecredit.mk, со назнака Осигурителен брокер не подоцна од 30.11.2023 година.
Со Вашата апликција давате согласност за проследување на Вашите лични податоци вклучени во документите кои ги праќате, за потребите на моменталните и идните регрутациски процеси спроведени од Друштвото, а во согласност со важечките закони од оваа област. Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.