13 333 Работно време: 24/7 24/7 Viber

Skopje

Иуте Сафe АД Скопје, Друштво во формирање има потреба од:

Осигурителен брокер (2 позиции)

Главни одговорности:

  • Одговорен за изнаоѓање нови клиенти, промоција и продажба на осигурителни производи
  • Постигнување на поставените развојни планови преку придобивање нови клиенти
  • Да развива и одржува добри деловни врски со клиентите и партнерите, вклучително организирање и присуство на состаноци
  • Проценување на постојните и очекувани потреби за осигурување на клиентите
  • Следење на пазарните трендови и континуирано надградување на знаењето за осигурителни производи, истражување на трендовите во осигурувањето и поврзаните политики и производи
  • Целосно разбирање на одредбите и условите на одделните осигурителни производи и јасно комуницирање на оваа информација кон клиентите
  • Поддршка на потенцијални клиенти при пополнување на формулари, комуникација со компанијата и изнаоѓање на најдобрите осигурителни планови, преговарање за склучување на договори
  • Управување со годишниот осигурителен циклус, вклучувајќи обновување на полисите, дополнувања и усогласувања во текот на осигурувањето, активно следење на потребите за осигурување на клиентите
  • Организирано водење на податоци за издадените полиси и подготовка на интерни и регулаторни извештаи

Вештини, способности, квалификации:

  • Универзитетска диплома од релевантна област
  • Положен стручен испит за осигурителен брокер
  • Докажано искуство како осигурителен брокер
  • Темелно познавање на осигурителниот пазар
  • Одлични комуникациски, меѓучовечки и презентациски способности
  • Прецизност и посветеност на детаљи
  • Способност за преговарање
  • Личен интегритет, како и способност за носење одлики во согласност со секојдневните обврски
  • Способност за работа во тим
  • Поседуваме пријатни и убави канцеларии

Што нудиме:

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Настани поврзани со поттикнување на тимски дух

Зошто да работите во Иуте Сафе АД Скопје:

  • Интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
  • Можете да придонесете и да дадете свој печат
  • Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
  • Едноставна организациска структура
  • Редовни интересни активности, бенифиции

Заинтересирани?

Доколку сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија преку најбрзиот начин на електрoнско аплицирање на jobs@iutecredit.mk, со назнака Осигурителен брокер не подоцна од 31.12.2022 година.

Со Вашата апликција давате согласност за проследување на Вашите лични податоци вклучени во документите кои ги праќате, за потребите на моменталните и идните регрутациски процеси спроведени од Друштвото, а во согласност со важечките закони од оваа област. Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.