IuteCredit Macedonia е дел од мултинационалната бизнис корпорација – Iute GroupAS која што е избрана за една од најбрзорастечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш растеме многу брзо за овој краток период. Создаваме извонредно клиентско искуство преку нашите извонредни луѓе. Како една од најбрзите и најудобните финасиски компании со кредитни производи кои клиентите ги претпочитаат, бараме амбициозен.
Главни одговорности:
Одговорен за давање процесни и правни совети поврзани со процесите на Иуте Кредит Македонија.
Одговорен за воспоставување деловна соработка со адвокати, правни советници, нотари, во врска со деловните процеси
Одговорен за подготовка на сите компаниски и правни документи, барања и формулари поврзани со кредитно портфолио, работни односи, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, договори со партнери, надворешни соработници, добавувачи, итн.
Формализирање на веќе постоечки процеси, модификација, како и утврдување на нови процеси и следење на процедурите за добро корпоративно управување, во соработка со останати сектори.
Опишување и воспоставување на процеси за различни функции вклучувајќи, но неограничувајќи се на: корпоративни, финансиски, интелектуална сопственост и др.
Активна вклученост во подготовката и изготвувањето на различни акти, процедури, правни поднесоци и правни мислења
Следење на спорови и постапки во кои Иуте Кредит Македонија е страна, а во соработка надворешни адвокати и релеватни институции
Работи на истражување и имплементација на правилата, законските акти итн, што може да влијаат на процесите на Иуте Кредит Македонија
Го советува топ менаџментот на начин што ќе се минимизира правниот ризик
Работи во согласност со законите и прописите, придржувајќи се до упатствата од Иуте Кредит Македонија и на групациско ниво
Одржува и спроведува највисоко ниво на доверливост и деловна комуникација
Остварување на мисијата и визијата на Компанијата, одговорно почитување и правилно применување на сите политики и процедури на Иуте Кредит Македонија и Иуте Груп
Вештини и способности:
Минимум 5 години работно искуство, од кои најмалку 1 година во банкарски сектор или финансиска институција
Тимски играч
Организираност и фокусираност на детали
Познавање на локалното законодавство во однос на активностите на Иуте Кредит
Одлични вештини за анализа, истражување и изготвување на акти
Добро разбирање на понудените услуги, производи и процеси на финансиската индустрија и поврзаните области на ризик, особено на финансиските и регулаторните
Силни интерперсонални вештини, интегритет, етичко однесување, аналитички и истражувачки вештини, вештини за изготвување извештаи, критичко размислување
Напредни комуникациски вештини, способност за извршување на повеќе задачи во динамично опкружување
Способнсот за самостојна и тимска работа
Способност за идентификување на можни ризици и способност за мирно решавање на стресни ситуации на професионален начин
Познавање на англиски јазик
Одлично познавање на пакетот– Microsoft Оffice
Зошто да работите во IuteCredit Macedonia:
Поседуваме пријатни и убави канцеларии
Работиме на интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
Нашата динамична работна култура значи дека мислењето на секој вработен е важно. Можете да придонесете и да дадете свој печат
Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
Едноставна организациска структура
Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
Редовни интересни активности, натпреварувања и бенифиции за вработените
Компанијата нуди:
Атрактивна плата и бонуси
Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера