13 333 Работно време: 24/7 Viber

Skopje

IuteCredit Macedonia е дел од мултинационалната бизнис корпорација – IuteCredit Group која што е избрана за една од најбрзорастечките компании во Европа. Македонските канцеларии се отворени од 2017 година и оттогаш растеме многу брзо за овој краток период. Создаваме исклучително корисничко искуство преку нашите извонредни луѓе. Како една од најбрзите и најудобните финасиски компании со кредитни производи кои клиентите ги претпочитаат, бараме амбициозен карактер кој ќе му се придружи на нашиот тим за да ја направиме нашата одлична работна средина уште поубава.

Заради нашиот постојан и брз развој, бараме:

Специјалист за односи со јавност (PR specialist)
 

Главни одговорности:

  • Планирање и имплементирање на стратегија за односи со јавноста
  • Градење и одржување на комуникација со медиуми и новинари
  • Изработка на предлози и реализација на проекти и настани со цел промовирање на ИутеКредит Македонија
  • Иницијатива, предлози и реализација на општествено одговорни проекти
  • Подготовка и дистрибуција на соопштенија за новинари, текстови, интервјуа
  • Подготовка на текстови за веб страна и социјални мрежи
  • Медиа мониторинг и прес клипинг
  • Кризна комуникација (доколку има потреба)
  • Организација на настани и прес конференци
  • Буџетирање и изработка на извештаи за реализираните проекти

Потребни квалификации, вештини/искуство:

  • Најмалку 2 години претходно искуство во областа на односи со јавноста
  • Универзитетско образование од областа на економија, комуникации, маркетинг или новинарство
  • Одлично познавање на македонскиот јазик и правопис
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Одлична способност за вербално и писмено изразување 
  • Проактивност
  • Способност за работа во тим, но и индивидуално извршување на задачи
  • Личен интегритет, како и способност за самостојно одлучување во согласност со секојдневните работни задачи
  • Способност за работа под притисок, како и планирање на личен обем на работа
  • Организиран и фокусиран кон детали

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Настани поврзани со поттикнување на тимски дух

Зошто да работите во IuteCredit Macedonia:

  • Поседуваме пријатни и убави канцеларии
  • Работиме на интересни, предизвикувачки работни задачи секојдневно
  • Нашата динамична работна култура значи дека мислењето на секој вработен е важно. Можете да придонесете и да дадете свој печат
  • Брзиот развој подразбира дека има многу можности за развој
  • Едноставна организациска структура
  • Правилен избор доколку сакате да бидете дел од мултикултурен, разнолик тим
  • Редовни интересни активности, натпреварувања и бенифиции за вработените

Заинтересирани?

Доколју сте пријателски насочен, независен и професионален тимски играч, одлично ќе се вклопите во нашиот тим! Испратете ја Вашата биографија преку најбрзиот начин на електрoнско аплицирање, со назнака Специјалист за односи со јавност (PR specialist) не подоцна од 20.11.2022 година.

Со Вашата апликција давате согласност за проследување на Вашите лични податоци вклучени во документите кои ги праќате, за потребите на моменталните и идните регрутациски процеси спроведени од страна на IuteCredit Macedonia, а во согласност со важечките закони од оваа област. Сите апликации се земаат во предвид со високо ниво на доверливост. Само кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.